Hatice Özdemir
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, разговараа за безбедносната криза во Либија и изразија согласност за неопходноста од продолжување на интензивирањето на меѓународната соработка во борбата против терористичката организација ДАЕШ, која претставува закана за стабилноста во Либија, но воедно и закана за глобалниот мир, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувано официјално лице од турската влада за АА рече дека на барање на ОН е реализиран телефонски разговор на челникот на турската влада, Ахмет Давутоглу и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и притоа првиот човек на ОН го информрал Давутоглу за актуелните контакти и иницијативи поврзани со ситуацијата во Либија.
Секретарот Бан ја пофали Турција за придонесот за иницијативата за воспоставување на безбедноста и стабилноста во Либиија и побара од Давутоглу официјална Анкара да продолжи со давање придонес во тој правец.
Шефот на турската влда Давутоглу истакна дека Турција ќе продолжи силно да ги поддржува сите иницијативи со цел зачувување на територијалната целосност, суверенитет и стабилност на Либија.
Давутоглу и Бан разговараа и за организирањето на Светскиот хуманитарен самит кој ќе се одржи во Истанбул на 23-ти и 24-ти мај оваа година.