Hatice Kesgin
18 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
КИЛИС (АА) - Турција подготви бегалски камп, прв од таков вид, изграден од монтажни двокатни контејнери во јужната покраина Килис, за подготвена да го дочека новиот прилив на луѓе кои бегаат од блискиот сириски град, рече заменикот гувернер на покраината за Anadolu Agency (AA).
Во бегалскиот камп „Онџупинар” во Килис, кој е основан во 2012 година веќе престојуваат околу 13.000 луѓе.
„Имаме 1.000 двокатни монтажни куќи кои се подготвени за вселување на бегалците а во рок од две недели ќе поставиме уште 248 такви домови”, рече Мустафа Унвер Буке, заменик гувернер на Килис и директор на бегалскиот камп.
Соред него, новиот дел на кампот има можност да вдоми околу 10.000 луѓе. Буке се надева дека дел од кампот со двокатни објекти ќе им овозможи на сириските бегалци во својот нов дом да се сместат брзо и лесно.
„Ги угостуваме Сиријците уште од 2012 година. Пред изградбата на овој нов дел на кампот во предвид ја зедовме нивната секојдневна рутина и нивните меѓусебни односи, по долго набљудување”, вели Буке за Anadolu Agency (AA).
Гувернерот Сулејман Тапсиз, стои зад идејата да се изградат двокатни контејнери во кампот, во кои ќе се смести училиште, три простора со општествена содржина и продавница.
Според официјалните информации над 35.000 сириски бегалци нашле засолниште во бегалските кампови во турската покраина Килис.
Минатата недела, одредени турски и странски медиуми тврдеа дека дошло до натрупување на бегалците на сириско-турската граница поради наводната неподготвеност на Анкара да ги отвори премините. Таквите тврдења, при посетата на Килис кон крајот на минатата недела, одлучно го отфрли заменикот турски премиер, Јалчин Акдоган.
„Политиката на отворени граници и понатаму е на сила. Ги отвораме нашите врати и ги прифаќаме сите оние кои бегаат од смрт и стравуваат за своите животи”, кажа Акдоган.
Во меѓувреме, турската војска и понатаму ги гранатира позициите на припадниците на терористичката организација ПЈД преку сириската граница, кои се наоѓаат во областа на Азаз, во село во покраината Алепо, оддалечено само шест километри од новиот дел на бегалскиот камп. Турската војска од саботата ги гранатира позициите на ПЈД како одговор на нивниот артилериски оган.
ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК, чии напади од 1984 година се насочени кон турските сили за безбедност и цивили.