Fatjon Prronı
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Турскиот премиер, Ахемт Давутоглу, вчера јасно стави до знаење дека визната либерализација е клучен елемент од договорот помеѓу Европската унија (ЕУ) и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу додаде дека договорот за реадмисија не може да биде имплементиран доколку турските граѓани не бидат во состојба да патуваат во ЕУ без визи.
„Укинувањето на визите го гледаме како неодделен, клучен дел од договороот на ЕУ и Турција”, рече Давутоглу вчера на заедничката прес конференција за медиумите со претседавачот на Европскиот совет Доналд Туск, германската канцеларка Ангела Меркел и потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс во Газиантеп.
Турскиот премиер рече дека постои директна врска помеѓу Договорот за реадмисија и визната либерализација за турските граѓани.
„Договорот за реадмисија е применлив само со укинување на визите”, рече Давутоглу.
Европските лидери стигнаа вчера во Газиентеп, југозападна турска покраина на границата со Сирија, каде што се официјализираше почетокот на проектот за помош на сириските бегалци.
Во својот говор турскиот премиер рече дека вчера уште еднаш се докажа дека кога соработуваат Турција и ЕУ имаат одлични резултати во решавањето на проблемите.
Давутоглу рече дека Турција, ЕУ и Германија стојат рамо до рамо со цел да ги избришат солзите на сириските деца.
Тој рече дека Турција, ЕУ и Германија имаат само една цел, барање решение за најголемата хуманитарна трагедија од Втората светска војна.
Турскиот премиер истакна дека бегалската криза не е проблем кој треба да го решат само Турција или само ЕУ.
„Децата се најневините суштества на светот, а за жал најмногу се погодени од хуманитарната криза во Сирија”, рече Давутоглу.