Davut Demircan
08 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа на турските безбедносни сили во југоисточна Турција, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите, кои ја напуштиле терористичката организација во северна Сирија, се предале на граничните премини во Суруч, во југоисточната турска област Шанлиурфа.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, претходно изјави дека до 27 февруари вкупно 48 терористи се предале на турските безбедносни сили.
Турските официјални лица истакнаа дека бројот на напуштања на терористичката организација, како и регрутрањето, е значително намален, што се знаци на распаѓање на терористичката организација.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.