Ömer Ürer
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
ДУЗЏЕ
Прекрасен колаж во една рамка е создаден со комбинација на фотографии од есенската и зимската сезона од шумите на планината Болу на делот од Автопатот „Анадолија“, кој е „портата на Истанбул кон Анадолија“ и на делот од Автопатот Д-100.
Подрачјето на местата Болу и Дузџе, кои се претежно покриени со шуми, во секоја сезона ги краси поинаква убавина.
Користејќи го делот на планината Болу на Автопатот „Анадолија“ и Автопатот Д-100, каде што минуваат илјадници возила секој ден, возачите се во можност да патуваат придружувани од визуелното богатство што го нуди природата во секое годишно време.

Во пределот на раскрсницата Абант на Автопатот Д-100, Бакаџак, Каранликдере, просторот кај Сејменлер и тунелот на планината Болу на Автопатот „Анадолија“, како и на патот Д-655 кој обезбедува пристап до крајбрежните градови во западниот регион на Црното Море, густо обраснати со чинари, габери и костенови дрвја, жолтите, кафеавите и зелените тонови формирани наесен, во зимскиот период се заменети со бела прекривка.
Фотографиите од подрачјата направени со дрон во двете сезони, комбинирани се во една рамка, создавајќи прекрасен колаж.