Tuba Onğun
24 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
АНКАРА
Турција во ноември ја посетија околу 1,8 милиони странски туристи, со што е продолжен месечниот раст на бројот на странски туристи во оваа земја, девет месеци по ред, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на странци кои ја посетиле Турција е зголемен за 111,5 отсто во однос на ноември 2020 година, но сепак е помал за 19,5 отсто во однос на периодот пред пандемијата на коронавирусот, односно за истиот месец во 2019 година“, соопшти Министерството за култура и туризам на Турција.
Минатиот месец, Истанбул, најголемиот турски град по население, привлече најмногу странски посетители, 997.621, или 57 отсто од вкупниот број странци што ја посетија Турција. По Истанбул, најпопуларни беа медитеранското одморалиште Анталија и областа Едрене во северозападна Турција, која граничи со Бугарија и Грција.
Според податоците на Министерството, Турција примила 2,6 милиони посетители, вклучително и турски државјани кои живеат во странство.
Меѓу посетителите најмногу имало Руси, 11 отсто или 192.809, а Турција ја посетиле и 159.237 Бугари, 152.026 Германци, 136.950 Иранци и 67.797 Ирачани.
Во периодот од јануари до ноември, Турција беше домаќин на 22,8 милиони странски посетители, што е зголемување од 89,6 отсто во однос на истиот период минатата година.