Abdullah Çelik,Bülent Temiz
29 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во неколку градови во Турција до своите почивалишта беа испратени турските војници што ги положија своите животи како шехиди во сириски Идлиб, откако режимските сили изведоа напад врз нив, јавува Агенција Анадолија (AA).
На испраќањето - табутите беа покриени со турско знаме, солзи, болка и молитви за нивните души.
Се собраа голем број сограѓани за да им пружат поддршка на семејствата, но и на турските сили кои, како што истакнаа граѓаните, ја чуваат границата и настојуваат да им овозможат на Сиријците безбедно враќање во своите домови.
По тој напад, многу родители останаа без своите деца, браќата и сестрите без браќа, жените без сопрузи, а децата без татковци.
На вечното почивалиште денес во Афјонкарахисар е испратен и Сулејман Шахин, а неговата мајка, татко, сопруга, браќата и сестрите беа скршени од болка. Двегодишната Јасемин остана без татко.
На испраќањето присуствуваа и бројни државни претставници и претставници на неколку партии.
Во Хатај е испратен и Мустафа Бајракдар, кој ги остави родителите, седумте браќа и сестри, пријателите, но и соборците кои за него имаа само пофални зборови.
Испраќања се одржаа и во Мерсин, Токат, Кајсери, Адијаман, Газиантеп, Османије, Зонгулдак, Адана, Анталија, Ушак, Самсун, Кахраманмараш, Текирдаг, Измир...
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека бројот на турски војници што ги положија животите како шехиди во операцијата во Идлиб е зголемен на 36, и дека крвта на турските шехиди нема да остане неодмаздена.
Во изминатите два дена, во многу градови во Турција се организираа собири за поддршка на турската Војска, а на голем број станбени и деловни објекти се истакнати знамиња на Република Турција.