Sinan Uslu
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Документарниот филм со наслов "Анатомија на 15 јули: Од обидот за окупација до преродбата", направен во соработка на Турската радиотелевизија (ТРТ) и Anadolu Agency (AA), е прикажан на заедничките програми на каналот ТРТ.
Документарниот филм во траење од 90 минути, меѓу другото, се состои од изјавите на припадниците на терористичката организација ФЕТО за крвавиот план и подготовките во рамките на обидот за државен удар од 15-ти јули.
Во филмот се наоѓаат и видео записи, снимки од мобилни телефони и реконструкција на случувањата со кои се спречени и демантирани тврдењата на пучиистите.
Документарниот филм го опишува во детали секој чекор во рамките на планот кој ФЕТО го подготви со цел да изведе државен удар.
Во филмот се споменуваат и клучните имиња од ноќта на 15. јули, како и изјави на очевидци, на семејствата на загинатите и на ветераните.
Во документарниот филм се користени и вести, видео-снимки и фотографии на АА, направени во текот на ноќта на обидот за државен удар.