Sibel Uğurlu
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
АНКАРА
„Турските борбени авиони неутрализираа четворица терористи на ПКК за време на антитерористичка операција во северен Ирак“, се соопштува од турското Министерство за национална одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воздушните напади беа извршени координирано со турската тековна воена офанзива Канџа“, соопшти Министерството на Твитер.
Вкупно 76 терористи се неутрализирани од почетокот на операцијата „Канџа“, на 27 мај, во регионот Хаккурк, во северен Ирак.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.