Muhammed Ali Toruntay
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
АНКАРА (АА) – При воздушните операции на Турските вооружени сили (ТСК) во регионите Зап и Метина во северен Ирак, во рамките на операцијата „Канџа“, уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК користени како упоришта, засолништа и магацини за оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува дека се реализирани воздушни операции во регионите Зап и Метина во северен Ирак, во координација со операцијата „Канџа“.
Во рамките на операциите уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, користени како упоришта, засолништа и магацини за оружје, а неутрализирани се уште четворица терористи.