Sertaç Bulur
17 Декември 2019•Ажурирај: 19 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека од Турција се депортирани двајца странски терористички борци, државјани на Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Министерството за внатрешни работи на Турција, се вели дека продолжува депортацијата на странските терористички борци во нивните матични држави.
Министерството за внатрешни работи на Турција информираше дека во тие рамки од земјата се депортирани двајца странски терористички борци државјани на Косово.