Sibel Uğurlu
17 Декември 2019•Ажурирај: 18 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турската полиција денес приведе 171 осомничен за поврзаност со терористичката ФЕТО, организација којашто стои зад обидот за пуч во 2016 година во Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата под обвинение за користење на апликацијата „БајЛок“ (ByLock), смартфон-апликација за комуницирање преку шифрирани пораки, се случија откако обвинителите од главниот град Анкара издадоа налози за приведување на 260 осомничени, меѓу кои и седуммина кои во моментов се во странство“, изјавија извори кои побараа да не бидат именувани.
Полицијата ја продолжува потрагата по останатите осомничени.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.