Dilara Hamit
26 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
АНКАРА (АА) - Првата група турски трупи евакуирани од Авганистан, денеска слетаа во Анкара, соопшти турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Првиот авион со турски војници кои одлучија да бидат евакуирани од Авганистан, слета во Анкара во 11:45 часот по локално време“, се вели во соопштението на канцеларијата за печат на „Туркиш ерлајнс”.
Групата од 345 припадници на Турските вооружени сили првично патуваше од авганистанскиот главен град Кабул до Исламабад, главниот град на Пакистан, со транспортен авион на турските воздухопловни сили, а потоа продолжи со авион до Анкара со лет на „Туркиш ерлајнс“.
Уште два лета за евакуација треба да полетаат од Истанбул в понеделник, во зависност од побарувачката.
Преземањето на Кабул од страна на талибанците минатата недела, предизвика бран евакуации преку аеродромот во Кабул, при што талибанскиот рок за евакуации беше закажан за следниот вторник, 31 август.