Dilara Hamit
17 Јануари 2020•Ажурирај: 17 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Хилми Балџи, кој што е еден од четирите вработени во Агенција Анадолија (АА), кои беа приведени за време на упадот на египетската полиција во канцеларијата на АА во Каиро, се врати во Турција, изјави претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА, Шенол Казанџи.
Балџи по враќањето во Турција изјави дека по приведувањето во Египет почувствувал поддршка од својата нација и Влада, и изрази благодарност до претседателот на државата, министерот за надворешни работи и директорот за комуникации, како и генералниот директор на АА на нивните напори за да биде ослободен.
„Ова за кратко време постигна најдобри можни резултати и се вратив во својата татковина“, изјави Балџи по слетувањето во Истанбул.
Генералниот директор на АА изјави дека наскоро очекува ослободување и на останатите вработени на агенцијата.
Египетската полиција на 14 јануари изврши упад во канцеларијата на АА во Каиро, ги приведе и ги однесе во непознат правец четворицата вработени, вклучувајќи и еден државјанин на Турција.
Полицијата при упадот во канцеларијата на АА ги исклучила безбедносните камери и ги прекина интернет врските. Полицајците до наутро вршеле претрес во канцеларијата, а од вработените ги земале пасошите, телефоните и компјутерите и не им дозволувале да контактираат никого надвор од канцеларијата.
Египетските институции до сега не образложија поради што се приведени новинарите и каде се однесени.
Властите на Турција најостро го осудија овој чин на египетската полиција и бараат итно ослободување на приведените.