Ata Ufuk Şeker
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија побара одобрување од Советот на Европа за започнување на преговорите со Турција за надградување на Царинската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
На неделниот состанок, Европската комисија донела одлука со која се бара дозвола од Советот на Европа за започнување на средби со Турција за надградба договорот за Царинската унија.
Во соопштението се вели дека во надградбата на Царинската унија се наоѓаат и одлуките кои се донесени на 29 ноември 2015 и 18 март 2016 година на Самитот ЕУ-Турција
„Заедно со овие одлуки, Европската комисија продолжува да ги спроведува своите обврски. Царинската унија треба да се одрази позитивно врз сите постоечки трговски врски меѓу ЕУ и Турција и да донесе поголема економска корист за сите страни”, стои во образложението.
Потребна е надградба на воведената Царинската унија меѓу ЕУ и Турција од 31 декември 1995 година, која ќе одговара на денешните услови и за ЕУ и за Турција. Постоечката царинска унија ги опфаќа само индустриските производи.Традиционалните земјоделски производи не се дел од одвој договор.
Со надградба на договорот, Турција ќе може да ја зголеми својата палета на производи во Царинската унија, како што се земјоделски производи, услуги, индустрија и јавни набавки, со што ќе се надмине неправдата кон Турција, имајќи ги во предвид договорите за слободна трговија на ЕУ со трети земји.
Во одлуките донесени на Самитот ЕУ-Турција на 29 ноември 2015 година стои: „Подготовките за официјалните преговори за надградба на Царинската унија треба да започнат кон крајот на 2016 година”.
Од аспект на Турција, во надградбата ќе биде внесен и делот од договорот постигнат на 18 март 2016 година кој ЕУ-Турција го постигнаа во врска со бегалците, во кој стои:„Со задоволство ќе продолжи работата околу надградбата на договорот на царинската унија меѓу ЕУ и Турција”.
Покрај тоа на Самитот на лидерите на ЕУ било истакната посветеноста за усогласување меѓу ЕУ и Турција, спроведувајќи ги сите елементи од договорот. Врз основа на меморандумот за усогласување, било истакнато дека е потребно официјално започнување на преговорите кон крајот на 2016 година.
Турција бара од ЕУ брзо да делува по ова прашање. Подобрувањето на Царинската унија ќе има свој економски прионес и за двете страни. Се очекува во скоро време да започнат преговорите за Царинската унија.
Турција е пети голем трговски партнер на ЕУ и меѓу ЕУ и Турција се остварува меѓусебна трговија во висина од 140 милијарди евра. Турција повеќе од 40 отсто од својот извоз го остварува во земјите на ЕУ. Третина од инвестициите кои директно доаѓаат во Турција потекнуваат од земјите на ЕУ.