Mustafa Hatipoğlu,Çağla Koç
08 Март 2024•Ажурирај: 10 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на сите жени во светот им го честита 8 Март, Меѓународниот ден на жената, јавува Анадолу.
Емине Ердоган на социјалните мрежи нагласи дека жените имаат важна улога на сите полиња.
„Жените кои влеваат надеж во општеството и оставаат трага на сите полиња се темелот на трајниот и одржлив мир, но и на поправеден свет. Ние гледаме кон иднината со надеж заблагодарувајќи се на секој чекор што жените го прават со голема одлучност, но и со секоја совладана пречка. На сите жени кои ги предводат промените и трансформацијата од сѐ срце им го честитам Меѓународниот ден на жената“, рече Ердоган.
Низ светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената, како дел од борбата за економска, политичка и социјална рамноправност меѓу жените и мажите.
Меѓународниот ден на жената првпат е одбележан на 28 февруари 1909 година во Соединетите Американски Држави врз основа на Декларацијата донесена од Социјалистичката партија на САД.
Од 1975 година, Обединетите нации (ОН) официјално го одбележуваат 8 Март како Меѓународен ден на жената.