Mümin Altaş
19 Ноември 2025•Ажурирај: 20 Ноември 2025
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара се состана со украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Анадолу.
Турскиот претседател го пречека Зеленски на влезот во Претседателскиот комплекс, по што двајцата претседатели беа фотографирани од новинарите.
Ердоган и Зеленски потоа преминаа на тет-а-тет средба. На состанокот присуствуваа и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, Директорот на Националното разузнавање, Ибрахим Калин, и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Килич.
Ердоган и Зеленски ќе имаат и работен ручек, по кој е закажана заедничка прес-конференција.