Merve Aydoğan
30 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 36 терористи на ПКК се неутрализирани како дел од антитерористичките операции во Турција во текот на изминатата недела, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството велат дека Турските вооружени сили спровеле 1.994 антитерористички операции во периодот од 23 до 30 јули, копнени акции и воздушни напади.
Од Министерството велат дека 18 од терористите биле неутрализирани, шест заробени, а 12 се предале на властите.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.