Ердоган: Во борбата со хуманитарните кризи препуштени сме сами на себе
- Главната причина на хуманитарните трагедии и терористичките напади со кои денеска сме соочени е режимот на Асад, кој уби 380 илјади свои сонародници, рече Ердоган?????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
ИстанбулИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција во својата чесна борба со хуманитарните кризи, за жал, е препуштена на самата себе, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати на свеченото отворање на Енергетскиот и економски самит на Атлантскиот совет во Истанбул, а по тој повод зборуваше за бегалската криза, последните случувања во Париз како и за борбата против тероризмот.
Тој потсети дека Турција во последните пет години прими околу 2,5 милиони бегалци од Сирија и Ирак и дека неговата земја сиот тој економски и социјален терет го крена сама.
“За жал, во чесната наша борба со хуманитарните кризи, ние сме препуштени сами на себе. Нашите трошоци само за бегалците од Сирија, кои престојуваат во нашите кампови, изнесуваат 8,5 милијарди долари. А колку луѓе живат во камповите, 280 илјади. Освен тоа, голем број бегалци живее во нашите други градови. Дали знаете дека само во Истанбул живеат околу 500 илјади бегалци", рече Ердоган.
Порача дека полни 35 години се води борбата против тероризмот и да неговата земја им ги отвори вратите на бегалците, бидејќи како што кажа не можеше да ги затвори своите врати на луѓето кои биле изложени на бомбардирање со барел бомби.
“Нашите невладини организации и луѓето со добра волја, на бегалците во Истанбул и другите градови од нашата земја, им пружаат помош која не може да се измери со пари. Од друга страна, меѓународната заедница, посебно европските земји, не останаа само на тоа да го занемарат овој проблем туку завземаа став кој може да доведе до продлабочување на кризата", порача Ердоган.
Говорејќи за борбата против тероризмот Ердоган потсети дека на оваа тема се зборуваше и на послединот Самит на Г20, одржан во Анталија, на којшто имаше прилика поединечно но и на делегациско ниво да разговара за овој проблем.
Заедничката порака на крајот беше дека се осудуваат терористичките напади во Париз, Анкара, Газиантеп, Бејрут, како и дека сите земји се заедно во борбата против тероризмот.
Кога се во прашање хуманитарните трагедии и терористичките напади во земјите од регионот, Ердоган смета дека е приоритетно точно да се сфатат нивните причини.
"Главната причина на хуманитарните трагедии и терористичките напади со кои денеска сме соочени е режимот на Асад, кој уби 380 илјади свои сонародници. Асад шири еден државен терор. Отворено и конкретно зборувам, оној кој стои позади личноста која шири државен терор, во најмала рака е виновен колку и тој самиот", рече Ердоган.
Тој порача дека сите терористички организации во регионот директно или индиректно му служат на режимот на Асад, како и дека Асад и пружа поддршка на терористичката органиација Даеш.
„Асад моментално ја зема нафтата од Даеш и ја претвора во пари. Треба да се биде слеп, па да не се примети тоа. Се е потполно јасно" , рече Ердоган.
Осврнувајќи се на последните терористички напади во Париз, Ердоган рече дека е видливо дека денеска во Европа, првенствено во земјите каде муслиманите се малцинско население, се шири една негативна атмосфера кон нив.
“Додека најискрено ги осудувавме терористичките напади во Париз и се сочуствувавме со болката на францускиот народ, од разни земји добивме вест за нападите на муслиманите. Она што сакам посебно да го подвлечам е тоа дека потврдиот став посебно кон бегалците, нема да доведе до ништо друго освен до продлабочување на оваа криза. Поради тоа, ги повикувам сите светски лидери своите граѓани да ги повикаат на здрав разум" , порача Ердоган.