?????
19 Ноември 2015•Ажурирај: 21 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Јавноста треба да коментира за видот на претседателски систем погоден за Турција, изјави доцна синоќа Претседателот, Реџеп Таип Ердоган.
„Што е претседателски систем? За тоа нека разговара нацијата, академиците и политичарите“, рече во интервју емитувано од А Хабер и АТВ каналите.
„Дали тоа ќе биде од корист за нашата земја или загуба? Всушност кризата на системот лежи зад многу спорни прашања. Ние треба да се ослободиме од кризата на системот.“
Мислејќи на самитот на Г20 организиран од страна на Турција на почетокот на оваа недела, тој додаде:
„Поголемиот дел од земјите на Г-20 имаат претседателски систем. Тоа може да се смета за успех како такво“.
Ги отфрла тврдењата дека тој се обидува да ја консолидира својата моќ, Ердоган рече дека тоа е „работа на нацијата“.
Можното воведување на претседателски систем во Турција, која има парламентарен систем уште од почетокот на 1920-тите години, е спорна тема која беше покрената од Ердоган откако победи на претседателските избори во август минатата година.
За тоа нашироко се дебатираше на општите избори во јуни, кога тоа беше поддржано од страна на (АК) Партијата на правдата и развојот, но не беше толку истакнато прашање при прегласувањето воноември.
Потребните уставни измени ќе мора да бидат одобрени преку референдум.
Сегашниот устав беше составен во 1982 година, по воен пуч и оттогаш претрпе неколку измени.
Свртувајќи се кон безбедносните прашања, Ердоган рече дека Даеш е внатрешна и надворешна закана за Турција.
„На дневен ред е чекорот против Даеш заедно со коалициските сили“, рече тој.
„Ова ќе биде изведено. Зошто? Затоа што тоа е елемент на закана. Кога ќе се изведе е друго прашање.“
Тој ги повтори повиците на Турција за зона без летови со цел обезбедување заштитна безбедна зона за бегалците во северна Сирија.