Kemal Karadağ
05 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во претседателската палата во Анкара учествуваше на церемонијата „Моќта на водата се среќава со нацијата“ на масовното отворање на објекти финансирани од државата, извеестува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање претседателот на Турција Ердоган истакна: „Во суштина, не гледаме никаква разлика помеѓу заштитата на нашата вода и заштитата на нашата татковина“.
„Со вкупна инвестиција од 277 милијарди лири (околу 27 милијарди евра), испишавме исторја ставајќи во функција 600 брани, 423 езерца, 590 хидроцентрали, 1.457 системи за наводнување и 262 објекти за вода за пиење“, подвлече Ердоган.