Çiğdem Münibe Alyanak
20 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека речиси секој ден се сведочи на драмата на бегалците кои се прогонувани, ограбувани, тепани, па дури и убивани од грчките безбедносни сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган се обрати со видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото народно собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул.
Тој во пораката укажа на драмата со која се соочуваат бегалците денес.
„Речиси секој ден сме сведоци на драмата на бегалците кои се прогонувани, ограбувани, тепани, па дури и убивани од грчките безбедносни сили“, рече Ердоган, додавајќи:
„Земјите како нас, кои се соседи на кризните подрачја, го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не развиените општества кои само го креваат својот глас.“
Тој додаде дека оние кои ги користат неколкуте стотици бегалци кои ги прифатиле како рекламен материјал, не преземаат никаква одговорност пред сè поголемата хуманитарна криза.