Aybüke İnal
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 58.259, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 36.318 тестирања за Ковид-19, од кои 1.983 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 78 лица како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 4.451 лице.
Во Турција се извршени вкупно 1 милион 111 илјади и 366 тестирања, откриени се вкупно 124.375 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 3.336 лица.
Се нагласува дека 1.445 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека вкупно излекувани се 58.259 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Од 30 март досега за прв пат дневниот биланс на починати е под 2.000 лица, додека бројот на новоизлекувани пациенти е околу 2,5 пати поголем од оваа бројка“, напиша Коџа.