Esra Tekin
07 Ноември 2025•Ажурирај: 08 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Владата на национално единство на Либија, Абдул Хамид Дбеибе, денес разговараа за билатералните односи меѓу двете земји, како и за регионалните прашања, јавува Анадолу.
Ердоган во телефонски разговор му рекол на Дбеибе дека Анкара „внимателно ги следи“ случувањата во Либија и „ќе продолжи да го прави својот дел за да обезбеди безбедност и стабилност“, според Дирекцијата за комуникации на Турција.
Нагласувајќи ја важноста на соработката помеѓу двете земји во неколку области, особено енергетиката, турскиот претседател изјави дека двете земји ќе продолжат со заедничките напори за да ги заштитат нивните права и интереси во Источен Медитеран.