Elvir Hociç
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека финалето на фудбалската Лига на европски прваци во 2020 година ќе се игра во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Кандидати за ова финале беа Истанбул и Лисабон, а турскиот претседател Ердоган изјави дека Истанбул ќе биде домаќин на кулминацијата на фудбалската сезона во Европа во 2020 година.
Финалето ќе се игра на олимпискиот стадион „Ататурк“.
В сабота Реал Мадрид и Ливерпул ќе играат финале во Лигата на шампиони во Киев, а домаќин на финалето наредната година е Мадрид.