Seyit Ahmet Aytaç
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Музејот на палатата Топкапи во Истанбул денес е вратен Куран, кој во 15 век бил изработен од познатиот калиграф Шукрула Калифа, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за Куран од 1494 година, кој познатиот калиграф го изработил токму во Истанбул, а беше изложен во Музејот „Топкапи“ до 1964 година.
Куранот исчезна откако е префрлен во Археолошкиот музеј во Бурса.
Калиграфот Зија Ајдин, исчезнатиот Куран го пронашол и го купил од колекционерите пред неколку години.
Директорот на Музејот „Топкапи“, Мустафа Сабри Кучукашџи, рече дека новите сопственици, под сугестија на турскиот министер за култура и туризам, Нуман Куртулмуш, одлучиле да го вратат Куранот во Музејот во којшто бил првично изложен.
„Ние сме му благодарни на семејството Ајдин. Калиграфот Зија Ајдин направи многу за да го сочува овој Куран, што инаку би завршил во витрините на некој музеј во Европа“, рече Кучукашџи.