Hanife Sevinç
26 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска истакна дека каматата ги прави богатите побогати, а сиромашните уште посиромашни, и порача дека ќе ја скрши таа машина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган имаше свое обраќање на собирот на Партијата на правдата и развојот (AK Parti) во Истанбул.
„Нашата борба е борба на волјата за нов развој и прогрес против оние кои сакаат да ја уништат цивилизацијата што ја претставуваме и да го спречат напредокот на нашата нација. Нашата борба вреди за секое жртвување, и време, имот, а исто така и живот кога е потребно“, рече Ердоган и додаде:
„Борбата што ја водиме е борба нашата визија за 2053 година да ја довериме на нашите млади луѓе, кои сакаат да ги направат манкурти (робови), одвоени од своите вредности и минато.“
Турскиот претседател уште еднаш нагласи дека ќе продолжи да се бори против високите каматни стапки и порача:
„Каматата ги прави богатите побогати, а сиромашните уште посиромашни. Каматата е причина, инфлацијата е последица. Ќе ја скршиме таа машина, а нацијата ќе ја доведеме до примарните цели.“