Ekipa
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во врска со борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) истакна дека меѓународната заедница се соочува со најголемиот испит во 21. век, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган упати видео-порака до Самитот за Ковид-19 при Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
„[Борбата против Ковид-19] Меѓународната заедница се соочува со најголемиот испит во 21. век“, рече тој.
Турскиот претседател нагласи дека клучот за надминување на овој тежок период со пандемијата, е меѓународната соработка и глобалната солидарност.
„Важно е мерките да бидат сеопфатни, и да задоволуваат потребите на сензитивните и загрозените групи“, додаде Ердоган.
Според него, пандемијата нè потсети дека системот на ОН мора да се реформира во светло на денешните закани и потреби.
„Сметам дека Генералното собрание треба да зајакне со цел системот на ОН да биде подемократски, поефикасен, почесен и потранспарентен“, додаде турскиот претседател Ердоган.