Cansu Dikme
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека очекува Турција да забележи економски раст од околу 7 отсто во 2017 година, javlja Anadolu Agency (AA).
„Нема да биде никаков изненадување доколку Турција во 2017 година забележи економски раст од повеќе од 6 отсто, можеби и околу 7 отсто”, изјави Ердоган во своето обраќање на церемонијата на доделување на наградите во Стопанската комора во Анкара.

Претседателот Ердоган потсети дека Турција оваа година, како и претходните, остварува голем економски раст.
„Во првите два квартала постигнавме стапка од 5,2 отсто. Очекуваме уште поголем раст на стапката во 3 и 4 квартал”, рече турскиот претседател.
Претседателот Ердоган нагласи дека целта на Турција е да продолжи со силен економски раст и во наредните години.
„Наша цел е бидеме една од 10-те најголеми економии во светот”, истакна Ердоган. Во моментов Турција е 17. економија во светот, според бруто домашниот производ и 13. според паритетот на куповната моќ.
Претседателот на Турција најави дека за 100-годишнината на Републиката, односно во 2023 година, во Турција бидат отворени 65 нови инустриски зони во кои ќе бидат отворени околу 1 милион работни места.
„Во моментов имаме околу 800 центри за истражување и развој, а до крајот на наредната година таа бројка ќе ја зголемиме на 1.200. На тој начин ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на вработувањето”, порача претседастелот на Турција Ердоган.