Ердоган: Побеснетата влада на Нетанјаху е како сериски убијци кои уживаат да убиваат
- „Побеснетата Влада на Нетанјаху брутално масакрира десетици жени, деца, постари луѓе и доенчиња секој ден, како сериски убијци што уживаат во убивањето“, рече Ердоган во Анкара по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги осуди постапките на израелската Влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост, јавува Анадолу.
„Побеснетата Влада на (Бенјамин) Нетанјаху брутално масакрираше десетици жени, деца, постари луѓе и доенчиња секој ден, како сериски убијци што уживаат во убивањето“, рече Ердоган во говорот во Анкара по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
Претседателот, исто така, изрази восхит од храброста на палестинските жени, нагласувајќи ја нивната сила наспроти насилството.
„Чесните жени на Палестина, кои стојат цврсто против варварството во мрежата на масакри, претставуваат пример за светот и за сите жени“, изјави Ердоган.
Ердоган ја потврди посветеноста на Туркије за поддршка на палестинските жени, велејќи:
„Нема да се двоумиме да ја покажеме нашата реакција и да го одбраниме вашето најфундаментално право на живот и покрај притисоците на ционистичкото лоби.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.