Разговор Ердоган-Путин: Туркије ќе продолжи да придонесува за мировните процеси
Двајцата лидери разговараа за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во кој истакна дека Туркије ќе продолжи да придонесува во мировните процеси, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије, јавува Анадолу.
За време на разговорот, двајцата лидери разговараа за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања.
Ердоган во разговорот нагласи дека Туркије продолжува со напорите за ставање крај на тензиите во регионот.
Турскиот претседател рече дека нивна цел е зајакнување на соработката во многу сфери, особено проширување на обемот на трговска размена меѓу двете земји.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.