Mehmet Tosun
31 Јули 2021•Ажурирај: 01 Август 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, потврди дека подрачјата погодени од шумските пожари во Анталија, Мугла, Мерсин, Адана и Османије се прогласени за „подрачја на катастрофи што влијаат на општиот живот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни чекори за да ги залечиме раните на нашата нација, да ги надоместиме загубите и да се осигуриме дека ситуацијата ќе биде подобра од претходно“, порача Ердоган преку социјалните мрежи.
Ердоган нагласи дека подрачјата погодени од шумските пожари во Анталија, Мугла, Мерсин, Адана и Османије се прогласени за „подрачја на катастрофа која влијае на општиот живот“.
Тој изрази жалење поради катастрофата што ги погоди споменатите подрачја, милост за смртно настраданите во пожарите и сочувство до нивните семејства.
Турскиот министер за шумарство и земјоделство, Бекир Пакдемирли, утрово потврди дека 88 од вкупно 98 шумски пожари што беснеат низ земјата се ставени под контрола.