Турција

Ердоган: „Потребата на Европа од Туркије во безбедноста и во многу други подрачја почна отворено да се признава“

- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по состанокот на Владата истакна дека сосема е можно односите меѓу Туркије и САД да добијат поинаков моментум во вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.“

Oktaj Omeragikj  | 24.03.2025 - Обновена : 25.03.2025
Ердоган: „Потребата на Европа од Туркије во безбедноста и во многу други подрачја почна отворено да се признава“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес истакна дека вжештените дебати изминатите недели покажале дека европската безбедност без Туркије нема да биде можна, известува Анадолу.

Во својот говор по состанокот на Владата претседателот Ердоган зборуваше за безбедносната ситуација во Европа и рече:

„Вжештените дебати изминатите недели покажаа дека европската безбедност без Туркије нема да биде можна. Потребата на Европа од Туркије не само во безбедноста туку и во многу други подрачја, како економијата, дипломатијата, трговијата, почна отворено да се признава.“

Ердоган во обраќањето пред медиумите рече дека во срдечен телефонски разговор тој и Трамп разговарале за многу важни прашања, вклучително и отстранување на сите пречки за трговската цел од 100 милијарди долари и додаде:

„Сосема е можно односите меѓу Туркије и САД да добијат поинаков моментум во вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.“

На 16 март Ердоган и Трамп остварија телефонски разговор во кој турскиот претседател ја изрази својата целосна увереност дека Анкара и Вашингтон ќе ја унапредат билатералната соработка преку солидарност, пристап ориентиран кон резултат и искрен начин во односите во периодот под претседателство на Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.