Enes Kaplan
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел денес разговараа за билатералните односи на двете земји, ситуацијата во Сирија и сириските бегалци сместени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во телефонски разговор ја информираше Меркел за трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран одржан во Сочи.
Германската канцеларка изјави дека ќе настојува да ја забрза испораката на средствата за помош на сириските бегалци кои ЕУ треба да ги додели на Турција.
Ердоган и Меркел исто така го нагласија значењето на соработката во борбата против сите терористички организации, вклучувајќи ја и ПКК.
Двајцата челници се усогласија и во врска со интензивирањето на билатералните контакти на највисоко ниво откако во Германија ќе биде формирана Влада.