Seyit Ahmet Aytaç
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
ТОКАТ (АА) - Турција денес испрати 180 командоси во сирискиот град Ал Баб, соопшти војската, јавува Anadolu Agency (AA).
Трупите од жандармерискиот баталјон „Волци“, лоцирани во црноморската област Токат, одржаа церемонија за заминување пред да се упатат кон Сирија.
Во февруари, за време на операцијата „Штитот на Еуфрат“, сириските борци поддржани од Турција го ослободија од ДЕАШ градот Ал Баб, кој се наоѓа 40 километри североисточно од Алепо.
Задачата на командосите во градот не беше откриена, но распоредувањето се случува повеќе од еден месец откако турските трупи влегоа во сириската покраина Идлиб, со цел да воспостават зони без судири во земјата.
„Дејствувавме успешно против терористите во сите делови на Турција“, истакна полковникот Хидајет Арикан на церемонијата пред заминувањето на војниците „Верувам дека ќе дадете сѐ од себе за да го претставите нашето знаме и нашата нација таму“.
Во операцијата „Штитот на Еуфрат“, Слободната сириска армија поддржана од Турската армија го ослободи северен Алепо од терористите на ДЕАШ.