Uğur Çil
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за Европската унија (ЕУ) и главен преговарач, Омер Челик, истакна дека задржувањето на луѓето кои мигрират во одредени региони и надвор од Европа не е достигнување и дека ќе има уште посериозни последици од колонијализмот, и додаде: „ЕУ треба да се бори и против менталитетот на европските расисти кои Африка ја гледаат само како место за задржување или концентрационен камп за спречување на миграцијата“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Челик во својата објава преку Твитер потсети дека се одржува Петтиот Самит за Европска и Африканска Унија. „Голем број прашања беа на дневен ред од поправање на грешките до денешните проблеми“ напиша Челик.
„Африка е континент кој е експлоатиран за збогатување на другите континенти, заслужува дел од овие модели на збогатување и благосостојба“ напиша Челик, и додаде дека е потребно да се инвестира и да се создаваат нови модели на хуманитарен развој за африканските млади луѓе.
Министерот Челик истакна дека разгледувањето на ова прашање само како спречување на миграцијата од Африка кон Европа, ќе биде повторување на старите грешки. Тој нагласи дека недозволувањето на луѓето кои бегаат од сиромаштија и суровост, да имаат можност за редовна миграција, резултира со формирање „пазари на робови", како што е во Либија.
„Задржувањето на овие луѓе во одредени региони и надвор од Европа не е достигнување. Ќе има уште посериозни последици од колонијализмот. ЕУ треба да се бори и против менталитетот на европските расисти кои Африка ја гледаат само како место за задржување или концентрационен камп за спречување на миграцијата“, напиша Челик на Твитер.