Sefa Mutlu
09 Декември 2022•Ажурирај: 10 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул се состана со премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рама учествува на шестото издание на „ТРТ Ворлд форум“, кој се одржува во турскиот град Истанбул.
Ердоган и Рама се состанаа по обраќањето на албанскиот премиер на овој форум.
Средбата на турскиот претседател и премиерот на Албанија беше затворена за медиумите.
Форумот оваа година се одржува под тема „Мапирање на иднината: несигурности, реалности и можности“.
На Форумот се собраа академици, новинари, интелектуалци, политичари и членови на граѓанското општество од целиот свет.