Diyar Güldoğan
09 Декември 2022•Ажурирај: 10 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се состана со претседателот на Бугарија, Румен Радев, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата на Ердоган и Радев се одржа во палатата Вахдетин во турскиот град Истанбул.
Предвидено е по средбата двајцата лидери да одржат заедничка прес-конференција.

Ердоган и Радев разговараа за различни теми, пред сѐ за билатералните односи меѓу двете земји, како и за чекорите за развивање на билатералната соработка.
Исто така, лидерите на двете земји се осврнале и на регионалните и глобалните прашања.
Ердоган во овие рамки ќе приреди вечера во чест на Радев.