Selma Kasap
14 Септември 2021•Ажурирај: 14 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Макроекономските показатели се движат кон урамнотежување и покажуваат дека позитивниот раст на економијата ќе продолжи да се зголемува, изјави денес во Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Силуетата на голема и моќна Турција е на повидок“, рече Ердоган на програмата „Средба со работниците“, во која претставници на синдикатите од целата земја беа гости во Претседателската палата.
Ердоган, исто така, рече дека никој не смее да се сомнева дека со продолжување на процесот кон поставените цели за 2023 година, кога Турција ќе ја прослави стогодишнината на Републиката, ќе им ја остават на децата земјата за која сите сонуваат.