Yasemin Kalyoncuoğlu
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека секој што се спротивставува на Турција на копно, на море или во воздух, имал можност да ја види одлучноста на Турција во заштитата на својот легитимитет и своите права, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган говореше на церемонијата на доделување дипломи на дипломците на воените училишта во Турција, во организација на турското Министерство за одбрана.
„Секој што ни се спротивставува на копно, на море или во воздух ја има видено одлучноста на Турција да ги заштити својот легитимитет и своите права“, рече Ердоган.
Освен за борбата на Турција против тероризмот, Ердоган истакна дека на тоа сега се додадени и заканите за правата и интересите на Турција во регионот, првенствено во Средоземното и Егејското Море.
„Имаме земји што одовде се оддалечени десетици илјади километри и кои ги вперуваат очите во турската демократија, нејзината правна држава и регионалните интереси. Дали граѓаните на тие земји се свесни за тоа колку тој процес ќе им нанесе штета?“, праша Ердоган.