Burak Dağ
09 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Израел, Исак Херцог, денеска беше пречекан во главниот град на Турција, Анкара, со официјална церемонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Херцог најпрво беше пречекан на Меѓународниот аеродром во Анкара „Есенбога“ од Ибрахим Калин, главниот помошник и портпарол на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
По напуштањето на аеродромот, Херцог го посети „Аниткабир“, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република, и положи венец на гробот на Ататурк.
Потоа, Ердоган го пречека Херцог со официјална церемонија во претседателскиот комплекс.
За време на дводневната посета Херцог се среќава со Ердоган за билатерални разговори.
Ердоган и Херцог треба да одржат заедничка прес-конференција по средбата на делегациите на двете земји во претседателскиот комплекс.
Утре Херцог ќе се состане со членовите на еврејската заедница во Истанбул.
Посетата на Херцог се смета за чекор кон преминување од период на затегнати односи кон подобрени односи со Турција.