Hande İlbeyi Canca
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара изјави дека зборовите „светот е поголем од пет земји“, се најголем отпор пред глобалната неправда, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој се осврна и на одлуките и судските процеси кои се водат против припадниците на терористичката организација ФЕТО.
„Доколку по завршувањето на процесот и донесувањето на одлуките, има недостатоци, за тоа сите ќе разговараме и дискутираме. Она што моментално го можеме ние и нашиот народ е да бидеме трпеливи и да ја олесниме работата на правосудните органи“, изјави Ердоган.
Тој изјави и дека зборовите 'светот е поголем од пет земји' секој ден добиваат сѐ поголема поддршка и дека Турција тој приговор ќе го продолжи сѐ додека не биде воспоставен поправеден глобален административен поредок.
Ердоган истакна дека се ближи крајот на оние кои само за себе сакаат демократија, слобода и благосостојба, а кога станува збор за другите стануваат најголеми фашисти и диктатори.
„Светот не може да поднесе толкава неправда, толкава тиранија“, изјави Ердоган.