Mehmet Tosun
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со престолонаследникот на Абу Даби, принцот Мухамед бин Зајид ал Нахјан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се наведува дека Ердоган и Нахјан разговарале за односите помеѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Исто така, во соопштението се нагласува дека двајцата соговорници се осврнале и на регионалните прашања.