Esra Tekin
23 Септември 2025•Ажурирај: 23 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција е во консултации со американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим за регионалните случувања, особено за кризата во Газа, војната меѓу Русија и Украина и за Сирија, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
Во вториот мандат на Трамп, „нашите контакти се интензивирани, а институционалниот дијалог доби на интензитет“, рече Ердоган за време на својот говор на вечерата организирана од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк.
„Благодарение на моето долгогодишно пријателство со Трамп, развивме заедничка волја за решавање на одредени прашања од нашата агенда“, додаде тој.
Ердоган, исто така, изрази верување дека силата на муслиманската заедница во САД ќе биде „извор на доверба и храброст за сите муслимани низ целиот свет“.