Esra Tekin
01 Октомври 2025•Ажурирај: 02 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција го следи процесот на набавка на воените авиони Ф-35, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
„Им кажавме (на САД): ‘Плативме, а сепак сè уште не ги имате испорачано Ф-35.' Тоа е тоа. Сега ја следиме ситуацијата“, рече тој на прием во турскиот Парламент.
Минатиот четврток, американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Ердоган имаа средба во Белата куќа, а меѓу точките на дневен ред беше и прашањето за борбените авиони Ф-35.
По средбата, Трамп рече дека „имале многу добар разговор во врска со купувањето воена опрема“.