Gizem Nisa Çebi Demir
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција не е пасивен набљудувач на регионалните кризи, туку „главен актер“ во напорите за нивно решавање, посочувајќи ја војната во Иран како најнов пример, јавува Анадолу.
„Турција не е пасивен набљудувач на регионалните кризи, туку, како што неодамна се виде во војната во Иран, водечки актер во напорите за нивно решавање“, рече Ердоган за време на церемонијата на отворање на метролинијата Халкали-Аеродром „Истанбул“ во Истанбул.