Sena Güler
12 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
АНКАРА (AA) – Турција наскоро ќе го започне проектот на морската рута „Канал Истанбул“, најави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Што поскоро ќе го распишеме тендерот и ќе почнеме со проектот Канал Истанбул“, најави Ердоган за време на состанокот на претставување 100.000 станбени единици за лица со послаба имотна состојба, одржан во Анкара.
Ердоган рече дека ова е „проект за заштита на Босфор од сериозна катастрофа“.
Планираниот канал би требало да се растовари од одвивањето на бродскиот сообраќај помеѓу Црното Море и Мраморното Море, што се однесува особено на преминувањето на нафтените танкери низ Босфорот.
Ова е еден од стратешките мегапроекти на Турција, а би требало да го елиминира ризикот кој го создаваат бродовите што превезуваат опасни материи низ Босфор.
Каналот би требало да биде долг 45 километри и тоа на делот Ќучукчекмеџе-Сазлидере-Дурусу.