Enes Kaplan
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ШАНЛИУРФА (АА) - Претседателот на Република Турција и претседател на владејачката Партија на правдата и развојот, Реџеп Таип Ердоган, во својот говор на митингот во Шанлиурфа во југоисточниот дел на Турција, посебно ги поздрави бегалците од Сирија, кои, поради војната во земјата побегна во турскиот град, јавува Anadolu Agency (AA).
„Шанлиурфа е град во Турција, кој прими најмногу сириски бегалци. На сите вас ви се заблагодарувам поради изразеното братство и човечки пристап. Знам дека покажавте посветеност во многу тешки услови", рече Ердоган.
Тој истакна дека турските сили помогнале да се воспостави безбедност во Сирија, во областа од Џaраблус до Ал Баб, а подоцна и во Aфрин.
„Во оваа област се вратија околу 200 илјади нашите сириски браќа. Тие се вратија во Jaраблус, а сега почнуваа да се враќаат и во Aфрин. Неодамна постигнавме договор со САД за да се воспостави безбедност во Мунбич. Нашите арапски браќа ќе се вратат во овој град",рече турскиот претседател.
Тој додаде дека турските сили продолжуваат со операциите врз терористите на ПКК во најсеверниот планински регион Кандил.
„Првата операција ja извршивме со 20 авиони и притоа погодивме 10 важни точки во регионот на Кандил. Во друга операција погодивме тим на челници на терористички групи додека одржуваа состанок", рече Ердоган, изразувајќи надеж дека наскоро овие области ќе бидат ослободени од терористички елементи и ќе им бидат предадени на нивните жители.