İlkay Guder
25 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамките на билатералните средби во главниот град на Белгија, Брисел, ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со германската канцеларка Ангела Меркел и со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган допатува во Брисел за да учествува на „Самитот на претседатели на држави и влади на НАТО“, каде што ќе одржи билатерални средби во рамките на програмата и Самитот на НАТО.
Во овие рамки, претседателот Ердоган ќе се сретне со францускиот претседател Макрон. По оваа средба, Ердоган ќе одржи средба со премиерката на Велика Британија, Меј, во новото седиште на НАТО, а потоа ќе има состанок и со германската канцеларка Меркел.