Seracettin Seçkin
04 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
ВАН (АА) - Водопадот Мурадие на реката Бендимахи во Ван, е висок 15 метри, а деновиве е место што го посетуваат локални и странски туристи уживајќи во есенските бои околу него, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај раскошот од есенски бои околу водопадот, поради ниските температури има и ледени површини, кои даваат една необична слика.
Водопадот Mурадије, кој се наоѓа во областа Ван, на осум километри од градот Mурадије и на стотина километри од градот Ван, нуди прекрасни пејзажи на лето и во зима.
Четириесетметарскиот мост беше заменет поради негова дотраеност. Водопадот Mурадие е едно од најпосетените места кога станува збор за туристите. Делумно замрзнува кога температурата паѓа под нулата.
Утрово целата област во близина на водопадот беше покриена со снег.